Вечерва започнува првата дискусија од циклусот на отворени предавања на МСУ

По големиот интерес за „Деновите на психологијата на МСУ“, воведуваме циклус на отворени предавања на МСУ.  Започнуваме со вечерни дискусии на теми од психологијата со доц. д-р Ана Чучкова. Дискусиите ќе се одвиваат онлајн преку платформата Zoom, и ќе траат по 2 часа, секој втор четврток од 21:00 часот. Линк до настанот на Фејсбук.

Првата дискусија ќе биде бесплатна и ќе се одржи на 3-ти декември 2020 на тема „Стоицизам – како начин на живеење во модерно време“. За учество потребно е да се регистрирате преку платформата Zoom: линк за регистрација на Zoom.



Мудриот човек живее во хармонија со природата и со сопствениот разум, бидејќи така постигнува мир на душата.

  • Како доаѓале до оваа хармонија?
  • Дали вие успевате да живеете во хармонија?
  • Кои се предизвиците на денешницата за поситигнување мир на душата?
  • Што всушност е стоицизам и дали вие го прифаќате за свој начин на живот?

За сите овие прашања ќе дискутираме заедно со вас во четврток, 3-ти декември од 21:00 часот.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!