Реализирана практична настава во Психијатриска болница – Скопје

На 22.12.2022 студентите од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет реализираа практична настава по предметите Психодијагностика и Психопатологија во Психијатриска болница – Скопје, под менторство на проф. д-р Диана Белевска, доц. д-р Милена Спасовска и доц. д-р Јана Белевска. Практичната настава во оваа институција се реализира секоја година, врз основа на Договорот за меѓусебна соработка.

Во рамки на посетата студентите присуствуваа и на традиционалната новогодишна забава организирана од страна на персоналот на установата и корисниците на услуги. За оваа пригода, студентите и универзитетот обезбедија подароци за корисниците во вид на хуманитарна помош (храна, производи за хигиена и облека). Остварена беше и средба со директорот на болницата, м-р Ќамил Ковачи, на која се разговараше за проширување и продлабочување на соработката меѓу двете институции.


ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!