Со четири предавања успешно заврши првиот ден од Деновите на психологијата на МСУ

На 1 декември 2023 година на Меѓународен Славјански Универзитет во Битола беа одржани 4 предавања во рамки на првиот ден од настанот Денови на психологија на МСУ. Модератор на настанот беше Марјан Ѓорѓиевски.

Настанот паралелно го следеа околу 200 учесници преку платформата Zoom. Првото предавање беше од м-р Лариса Стојковиќ Трајковска, гешталт психотерапевт, на тема „Резилиентноста како способност за надминување на тешките животни предизвици“.



Следеше предавање од Ана Андова, советник за човечки ресурси, психолог во пензија и основач и поранешна претседателка на Комората на психолози на РМ на тема „Воведувањето во работа како фактор за успешен старт на работа и мотивираноста за успешна кариера“.



Програмата продолжи со предавање од проф. д-р Мирослав Пендароски од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет на тема „Моќта на позитивните врски: Влијанието на позитивните луѓе во нашите животи врз успехот и мотивацијата“.



Настанот беше затворен со предавање од проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска, специјалист психијатар и психотерапевт на тема „Градење на резилиентност во семејствата кои се борат со рак“.



Настанот Денови на психологија продолжува на 2 декември во Mayberry Highway во Свети Николе.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!