Проф. д-р Јордан Ѓорчев учествуваше на меѓународната конференција FOKUS FINRA 2025 во Тузла

Претседателот на Управниот одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев, беше дел од Програмскиот одбор на 1. Меѓународна научно-стручна конференција FOKUS FINRA 2025, која се одржа на 30 и 31 мај на Универзитетот FINRA во Тузла, Босна и Херцеговина.

Конференцијата, под наслов „Форензика, кибернетика и вештачка интелигенција во служба на дигиталната безбедност“, обедини реномирани експерти и истражувачи од регионот, кои презентираа повеќе од дваесет научни и стручни трудови во областа на сајбер безбедност, дигитална форензика и современи технолошки решенија.



Свеченото отворање на конференцијата го предводеше проф. д-р Исмет Калиќ, в.д. ректор на Универзитетот FINRA, кој ја истакна важноста на овој настан за унапредување на високото образование, со посебен акцент на развојот на студиски програми од областа на вештачката интелигенција. Претседател на меѓународниот Програмски одбор беше проф. д-р Хаџиб Салкиќ, професор на Меѓународен Славјански Универзитет, кој ја нагласи уникатната вредност на конференцијата во регионален и меѓународен контекст.

Во рамки на настанот, беше отворен и Центарот за форензика и кибернетика на Универзитетот FINRA – прв од ваков вид во Босна и Херцеговина, кој ќе придонесе кон зајакнување на научно-истражувачката работа и развој на иновативни практики во областа на дигиталната безбедност.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!