Во конференциските простории на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе се реализира четвртиот ден од специјализираната обука за комунални инспектори, овластени инспектори за животна средина и претставници на други општински служби од Источниот и Североисточниот регион. На настанот присуствуваше и проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управниот одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, кој изрази поддршка за значењето на практичната едукација и регионалната соработка во доменот на заштитата на животната средина.
Овие обуки се дел од проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад“ (NEAR/SKP/2022/EA‑RP/0137), финансиран од Европската Унија преку ИПА II програмата, а спроведуван од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и конзорциумот ENVIROPLAN – WEGlobal.

Во активностите активно се вклучени и студенти од студиските програми Управување со отпад и Заштита при работа, со што се овозможува практична примена на академските знаења во реални инспекциски и еколошки процеси.
Обуката ги опфаќа следниве теми:
- Законска рамка и класификација на отпад
- Инспекциска методологија и надзор на собирање и транспорт
- Работа на трансфер станици, зелени пунктови и постројки за рециклирање
- Механичко-биолошки третман на отпад
- Управување со депонии и стандарди за здравје, безбедност и заштита на животната средина
Предавачите од Македонија, Србија и Грција споделија експертски знаења и регионални искуства, а учесниците демонстрираа високо ниво на ангажираност преку интензивна интеракција, размена на професионални предизвици и практични искуства од терен.
Овој процес претставува значаен чекор кон јакнење на институционалните капацитети и унапредување на инспекциските практики на регионално ниво.
Во следната фаза од обуката ќе се реализираат теренски активности, практична примена на напредни инспекциски техники и студии на случај – со што се продолжува градењето на професионална и компетентна инспекциска мрежа, подготвена да одговори на современите предизвици во управувањето со отпад и заштитата на животната средина.



