Меѓународен Славјански Универзитет во Давос 2026: два говори на глобалната сцена

Меѓународен Славјански Универзитет ќе има значајно присуство во Давос за време на Светскиот економски форум 2026, преку учество на неколку престижни меѓународни настани што ја отвораат глобалната дебата за иднината на лидерството, образованието и еднаквоста.

На 22 јануари 2026, проф. д-р Јордан Ѓорчев, основач и претседател на Управниот одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, и Михаела Ѓорчева, заменик претседател на Управниот одбор, ќе бидат говорници на ексклузивниот #WINLounge – интернационална платформа курирана од Women Inspiring Network, која ги обединува водечките светски гласови за женско лидерство, иновации и одржлив развој.

Настанот ќе се одржи во хотелот Schatzalp во Давос, како дел од официјалната агенда за време на Светскиот економски форум. Учеството на Меѓународен Славјански Универзитет е дел од долгорочното партнерство со Women Inspiring Network, со кои универзитетот досега соработуваше на глобални настани во Давос, Њујорк и Кан.



Проф. д-р Ѓорчев ќе се придружи на панел заедно со истакнати имиња од меѓународната сцена, вклучувајќи:

  • Силвана Кох-Мерин – поранешна потпретседателка на Европскиот парламент
  • Ајша Џавед – уредник во американското списание TIME
  • Венди Дајмонд – основач на LDP Ventures и влијателен глас за женско претприемништво

Паралелно, Михаела Ѓорчева и оваа година ќе биде официјален делегат на World Woman Davos Agenda, платформа која ја поддржува визијата за глобален напредок преку еднакво учество и лидерство на жените во општеството.



Во рамки на своето учество во Давос, Меѓународен Славјански Универзитет ќе биде дел од повеќе од 10 стратешки настани, со фокус на образование, иновации, одржлив раст и лидерство во новиот светски контекст.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!