Меѓународен Славјански Универзитет активно учествуваше на првата конференција посветена на меѓународниот проект Forest Fire Struga (FFS), во организација на Дирекцијата за заштита и спасување, која се одржа во хотел DoubleTree by Hilton во Скопје.
Универзитетот беше претставен од ректорот проф. д-р Васко Стамевски, кој во своето обраќање ја истакна значајната улога на академската заедница во поддршка на вакви иницијативи. Притоа, беше потенцирана и посветеноста на Меѓународен Славјански Универзитет како активен двигател на знаење, соработка и општествена одговорност во рамки на меѓународни проекти.
Проектот Forest Fire Struga обедини партнери од повеќе европски земји, создавајќи можности за унапредување на регионалната соработка, како и за размена на искуства и добри практики во областа.




