Вашингтон: Меѓународен Славјански Универзитет дел од Пролетните состаноци на Светска банка и ММФ

Меѓународен Славјански Универзитет беше единствениот универзитет од регионот кој се најде на официјалната листа на учесници на Пролетните состаноци на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, што се одржаа во Вашингтон, САД.

Во рамки на настанот, Михаела Ѓорчева, заменик претседател на Управниот одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, и Иван Спасев, член на Управниот одбор, учествуваа на повеќе официјални средби, дискусии и настани организирани во седиштата на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка.

Пролетните состаноци на ММФ и Светска банка претставуваат еден од најзначајните глобални форуми на кој традиционално се собираат гувернери на централни банки, министри за финансии, носители на политики, претставници на приватниот сектор, како и истакнати членови на академската заедница од целиот свет. На овие средби се разгледуваа клучни прашања поврзани со глобалната економија, финансиската стабилност, развојните политики и актуелните геополитички предизвици.



На официјалната листа на учесници се најдоа и професори и истражувачи од водечки универзитети од САД, Франција, Англија и Швајцарија, што дополнително ја потврди високата релевантност и престижот на овој меѓународен форум.

Учеството на Меѓународен Славјански Универзитет на ваков значаен настан претставува уште една потврда за активната меѓународна позиционираност на Универзитетот и неговата посветеност кон градење партнерства, следење на глобалните трендови и вклучување во најважните современи академски и економски процеси.

Во наредниот период, Меѓународен Славјански Универзитет најави учество и на повеќе значајни форуми и конференции во Соединетите Американски Држави.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!