Брисел: МСУ учествуваше на два меѓународни настани организирани од Economist Enterprise

Меѓународен Славјански Универзитет учествуваше на два значајни меѓународни настани во Брисел, организирани од Economist Enterprise, дел од екосистемот на светски познатата медиумска и аналитичка групација The Economist Group, препознатлива по своите истражувања, анализи и организирање на високопрофилни конференции кои ги обединуваат академската заедница и индустријата.

На покана на организаторот, МСУ беше претставуван од Михаела Ѓорчева, заменик-претседател на Управниот одбор, и Иван Спасев, кои учествуваа како делегати на 11th Annual World Cancer Series Europe и Economics of Obesity and Metabolic Health Summit.

Двата настани собраа водечки експерти од областа на здравството, научноистражувачката дејност, јавните политики и индустријата, кои дискутираа за актуелните предизвици и иновации поврзани со превенцијата, третманот, јавното здравје, менталната благосостојба и одржливите здравствени системи.



Учеството на МСУ на овие настани е од особено значење за развојот на студиските програми по психологија и безбедност и здравје при работа. Како високообразовна институција, Универзитетот континуирано работи на унапредување на наставните содржини преку следење на најновите светски трендови, научни сознанија и добри практики, со цел студентите да стекнат современи и применливи знаења.

Конференциите овозможија размена на искуства и идеи со меѓународни експерти, како и воспоставување нови професионални контакти и можности за идна академска и институционална соработка.

Меѓународен Славјански Универзитет изразува благодарност за поканата и можноста да биде дел од овие значајни меѓународни собири, чии сознанија и искуства ќе придонесат за понатамошно зајакнување и модернизација на образовните програми на универзитетот.



ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!