Давос: Михаела Ѓорчева модерираше панел со ко-основачот на Тетрис и генералниот секретар на Интерпарламентарната Унија

За време на Светскиот економски форум 2026, Михаела Ѓорчева, заменик-претседател на Управниот одбор на Меѓународен Славјански Универзитет и основач на Киноверзум, ја имаше честа да модерира панели во Давос посветен на глобалната моќ и женското лидерство.

На панелот, насловен „Геополитика и моќ: Жени на чело на глобалното влијание“, свои визии споделија:

  • Хенк Роџерс, ко-основач на компанијата Тетрис и основач на Blue Planet Alliance,
  • Мартин Чунгонг, генерален секретар на Интерпарламентарната Унија,
  • Арти Гупта, главна инвестициска директорка во DM Gupta (Индија).

Како модератор, Михаела Ѓорчева го водеше разговорот низ стратешки теми за трансформацијата на моќта, инклузивното лидерство и геополитичкото влијание на жените во 21 век. Панелот доби големо внимание од меѓународната публика и ја истакна неопходноста од застапеност на жените во глобското донесување одлуки.



Настанот беше организиран од престижната Women Inspiring Network – водечка индиска организација за едукација и јакнење на жените во бизнисот, и официјално поддржан од Меѓународен Славјански Универзитет, со што Универзитетот уште еднаш ја потврди својата посветеност кон глобалниот дијалог, родовата еднаквост и стратешкото позиционирање на македонските лидери на светската сцена.

Покрај улогата на модератор, Михаела Ѓорчева беше и говорник на уште еден исклучително значаен панел – „Иднината на капиталот: Финансирање на инклузивни иновации“, каде настапи заедно со водечки инвеститори и иноватори од САД и Индија. Во текот на форумот, таа учествуваше и на повеќе од 15 други клучни настани.



Михаела Ѓорчева е и студент на докторски студии на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, а нејзиниот ангажман на глобални форуми како Њујорк, Кан, Индија и Давос ја прави активен глас за прогресивни промени во образованието, бизнисот и политиката.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!