Деновите на психологија во Велес: Фокус на емоционалната интелигенција и семејната комуникација

На 12 декември 2025 година, во пријатната атмосфера на Киноверзум Велес, се одржа уште едно успешно издание од серијата настани „Денови на психологија“, во организација на Меѓународен Славјански Универзитет. Овојпат, вниманието беше насочено кон темата која сè поинтензивно го зафаќа современото општество – емоционалната интелигенција и нејзината улога во семејната комуникација.
Настанот предизвика голем интерес кај студентите, академскиот кадар, како и кај професионалци од областа на психологијата и сродни дисциплини. Програмата започна со проекција на филмот „Без каење“, која служеше како вовед во подоцнежната дискусија за психолошките димензии на семејните односи, емотивната зрелост и свесната комуникација во блиските релации.



Следуваше панел-дискусија, на која учествуваа признати експерти:

  • Ѓорѓина Ќимова – професор и член на Ин Асоцијација
  • Милена Спасовска – професор и Европски сертифициран психотерапевт
  • Вангелица Гаврилова – професор и лиценциран судски вештак
  • Модератор: Убавка Јаневска

Панелот отвори низа значајни прашања поврзани со развојот на емоционалните вештини, значењето на емпатијата и самосвеста, како и потребата од подлабока психолошка анализа во семејниот контекст. Настанот понуди платформа за критичка размисла и нови перспективи, кои се од суштинско значење за личниот и општествениот развој.



Настаните од серијата „Денови на психологија“ продолжуваат во Скопје и Свети Николе. Следниот настан ќе се одржи во Скопје на 13 декември 2025 година (сабота), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Киноверзум Скопје. Програмата ќе донесе нови теми, предавачи и интерактивни содржини, со цел дополнително продлабочување на психолошките перспективи на љубовта, губитокот и простувањето.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!