Едукативна презентација од ЈП Службен Весник за студентите на МСУ

На 21. мај 2024 година (вторник), на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе вработени од Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија одржаа презентација пред студентите од Факултетот за правни науки при МСУ. Презентацијата беше насочена кон запознавање на студентите со работата на јавното претпријатие и студентите имаа можност да научат како да ја користат базата на податоци која е неопходна за сите правни лица што имаат потреба од секојдневно пребарување на македонската легислатива.

ЈП Службен весник на РСМ, како единствено со закон овластено претпријатие кое ги објавува законите и другите прописи и акти во службеното гласило „Службен весник на РСМ“, располага со електронска база на целото национално законодавство со изворни податоци. Оваа електронска база е основна алатка за секојдневно безбедно правно постапување.



Настанот им овозможи на нашите студенти да се запознаат со важноста и практичната примена на електронската база на националното законодавство. Ова значи дека студентите, како идни правници, ќе имаат на располагање сигурен и лесно достапен извор на правни информации, кој ќе им помогне во нивното студирање и идно професионално работење. Службениот весник како ресурс е клучен за нивното секојдневно правно постапување, овозможувајќи им да ги следат најновите законски промени и да донесуваат информирани правни одлуки.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!