Меѓународен Славјански Универзитет беше домаќин на јавната трибина „Стоп за насилство и превенција во заедницата“

Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе беше домаќин на јавната трибина „Стоп за насилство и превенција во заедницата“, организирана од ИПОС – Интернационална Полициска Организација за Безбедност, со што уште еднаш ја потврди својата активна улога во поддршка на општествено значајни иницијативи и отворање на важни теми за безбедноста и превенцијата во заедницата.

Настанот се одржа на 09 мај 2026 година во просториите на Универзитетот и обедини експерти, професори и јавни личности кои преку своите излагања и дискусии придонесоа кон подигнување на јавната свест за значењето на превенцијата и институционалната соработка во борбата против насилството.



Свои обраќања имаа:

  • М-р Боби Бојчевски, претседател на Независен синдикат на здравствени работници
  • Проф. д-р Павле Трпески, професор на Европски Универзитет
  • Сотир Костов, брендолог, аналитичар и поранешен општински јавен обвинител
  • Проф. д-р Слаѓана Ангелковска, декан на Факултетот за психологија при МСУ

Во рамки на свеченото отворање, ИПОС му додели плакета и благодарница на претседателот на Управниот одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев, како признание за поддршката и придонесот во реализацијата на овој значаен настан.



ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!