Меѓународен Славјански Универзитет домаќин на прес-конференцијата за „Агро Мак 2025“

Меѓународен Славјански Универзитет ја имаше честа да биде домаќин на прес-конференцијата за најавување на Првата меѓународна научно-агробизнис конференција „Агро Мак 2025“. Конференцијата, која ќе се одржи од 4 до 6 април 2025 година во хотелот „Mayberry Highway“ при МСУ кампусот во Свети Николе, има за цел да ги обедини експертите и професионалците од областа на органската и функционалната храна, руралниот туризам и одржливиот развој.

Организатори на ова значајно научно-деловно случување се Комората на Органски Производители (КОП), предводена од Драган Цветковиќ, претседател на организацискиот одбор, и Меѓународен Славјански Универзитет, под водство на проф. д-р Јордан Ѓорчев, основач и претседател на Управниот одбор.



На прес-конференцијата свое обраќање имаа истакнати научни и стручни лица, меѓу кои:

  • Проф. д-р Драго Цвијановиќ, декан на Факултетот за хотелиерство и туризам, Врњачка Бања, Србија
  • Проф. д-р Саша Степанов, директор на Центарот за истражување, наука, едукација и посредување „ЦИНЕП“, Белград
  • Проф. д-р Везирка Јанкуловска, декан на Технолошко-технички факултет, Велес
  • Проф. д-р Љупчо Михајлов, претседател на научниот одбор на „Агро Мак 2025“

Темата на конференцијата, „Органска и функционална храна со рурален туризам – одржливост и иднина на Македонија и регионот на Југоисточна Европа“, го отсликува стратешкиот фокус на настанот, кој е поддржан од повеќе научни и образовни институции, вклучувајќи ги Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, и партнерски организации од регионот.

„Агро Мак 2025“ претставува уникатна можност за споделување на знаења, промоција на нови идеи и зајакнување на научните и деловните врски помеѓу Македонија и поширокиот регион.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!