Меѓународниот Славјански Универзитет претставен на Годишната Конференција на регионалните радиодифузери во Скопје

На 2 јуни 2026 година, проф. д-р Борче Арсов го претстави Меѓународниот Славјански Универзитет на престижната Годишна Конференција на регионалните радиодифузери, одржана во хотелот Holiday INN во Скопје, во организација на ЈП МРД Македонско Радио-Дифузија.

Конференцијата се одржа во периодот од 1 до 3 јуни 2026 година и претставуваше значаен собир на водечки имиња од светот на радиодифузијата и медиумската индустрија. Проф. д-р Борче Арсов учествуваше во панел дискусијата насловена „Broadcasting Tomorrow”, каде заедно со истакнати меѓународни и домашни стручњаци ги разгледуваа предизвиците и перспективите на радиодифузијата во иднина.

Панелот го модерираше Моника Ивановска, а меѓу говорниците беа и Jean-Pierre Faisan од BNE, Jacqueline Bierhorst од WorldDAB, како и Robert Ordanovski од Mepso.
Настанот протече во извонредна атмосфера, со богата размена на искуства, знаења и визии за иднината на медиумската сцена. Учеството на проф. д-р Борче Арсов уште еднаш го потврди местото на Меѓународниот Славјански Универзитет како активен чинител во академскиот и медиумскиот простор, не само во земјата туку и на регионално и меѓународно ниво.



ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!