Михаела Ѓорчева од Меѓународен Славјански Универзитет на Nest Climate Campus во Њујорк

Михаела Ѓорчева, заменик претседател на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет и основач на Киноверзум, учествуваше на престижниот климатски собир The Nest Climate Campus, кој се одржа во Њујорк во рамки на глобалната иницијатива Climate Week NYC 2025. Настанот претставува најголемата климатска платформа во САД и е посветен на иновативни решенија, одржлива економија и здружени напори за климатска акција.

Во рамки на Nest Climate Campus, Михаела Ѓорчева присуствуваше на повеќе сесии каде говорници беа директори од компании како Тојота и Икеа, како и на тркалезна маса организирана од Ceres, насловена “Championing Businesses’ Freedom to Act on Climate Risk”, која се одржа на 24 септември. Настанот е платформа за размена на идеи околу слободата и одговорноста на бизнис-секторот да дејствува проактивно во однос на климатските ризици, како и да придонесе кон изградба на поотпорна и почиста економија.



Во текот на својата посета, Михаела Ѓорчева присуствуваше и на специјалниот настан на Women’s Earth and Climate Action Network (WECAN), каде се дискутираше за улогата на жените во глобалната климатска трансформација, еднаквоста во одлучувањето и интеграцијата на женски перспективи во климатските политики. Настанот се одржа во една од зградите на Обединетите Нации.



Со своето учество на Nest Climate Campus, Ceres и WECAN, Меѓународен Славјански Универзитет продолжува да го шири своето присуство на меѓународната сцена и активно придонесува во разговорите за одржлив развој и трансформација на образованието во согласност со глобалните предизвици. Универзитетот останува посветен на поттикнување на младинска инклузија, научна иновативност и интернационална соработка во справувањето со климатските прашања.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!