Младите и идентитетот во дигиталната ера: интерактивна работилница на Факултетот за психологија во Битола

На факултетот за психологија во Битола се реализира интерактивна работилница, водена од проф. д-р Горица Поповска Налевска, со учениците од ОУ “Тодор Ангелевски” и класниот раководител Симона Монавчева, на тема „Кој сум јас во свет полн со гласови и лајкови?“. Активноста беше насочена кон поддршка на децата во периодот на пубертет, кога се случуваат значајни физички и емоционални промени и кога започнува поинтензивно градење на личниот идентитет.



 Преку разговори и интерактивни активности се обработија теми поврзани со самодовербата, врсничкиот притисок, влијанието на социјалните мрежи и начините на справување со негативни коментари и сајбер булинг. Продолжуваме да градиме мостови меѓу образованието, науката и младите – затоа што вложувањето во нивниот психолошки и личен развој е вложување во подобро општество.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!