Универзитетот за применети науки во Карловац, во периодот од 21 до 24 септември 2022 година, во одморалиштето Борик, Задар, Хрватска ја организира 8-та Меѓународна стручна и научна конференција „Безбедност и здравје при работа“.
Меѓународен Славјански Универзитет, Факултетот за заштита при работа во Ниш и Политехничкиот Институт во Беја се коорганизатори на овој настан.
Целта на оваа Конференција е обезбедување и размена на најновите информации и достигнувања во мултидисциплинарните области како што се безбедноста при работа, здравје и безбедноста во земјата и во странство.
Меѓународен Славјански Универзитет, заедно со Универзитетот за применети науки во Карловац ги покануваат научниците и екпертите од различни професии активно да се вклучат во работата на конференцијата, така што конференцијата ќе стане место за размена на искуства и нови знаења од областа на безбедност и здравје при работа.
Повеќе информации во врска со конференцијата можете да најдете на официјалната страница на Универзитетот за применети науки во Карловац или на следниов линк.



