МСУ претставен на конференција за граѓанско учество во Хамбург

Од 27 до 29 ноември во Хамбург, Германија, Софија Радончиќ, претседател на Здружението на студенти при МСУ заедно со уште четворица претставници од универзитетите во нашата држава, поддржани од Националната Агенција за eвропски образовни програми и мобилности во Македонија, беа дел од конференцијата “Encouraging Active Citizenship and Commitment Through Students’ Promotion of EU Values” организирана од Националната Агенција во Германија.



Конференцијата официјално ја отвори д-р Степан Геифес, директор на Националната Агенција во Германија, а свое инспиративно искуство сподели и Бианка Паце, претставничка на Европската Студентска Унија (ESU).

Настанот беше посветен на развивањето и унапредувањето на европските вредности, еднаквоста, демократијата и толеранцијата.



Преку серија работилници и дискусии на различни теми, учесниците имаа можност активно да разменат идеи и добри практики за зајакнување на студентското учество и градење поинклузивни заедници.

Ова е исклучително вредно искуство кое инспирира кон уште поголема посветеност во промоцијата на европските вредности и активното граѓанско учество.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!