МСУ во Давос на Светскиот економски форум

Во Давос започна Светскиот економски форум, а Меѓународен Славјански Универзитет во моментов има свои претставници на повеќе настани организирани во рамките на форумот. Светскиот економски форум започна на 15. јануари, а ќе трае до 19. јануари 2024 година.

М-р Михаела Ѓорчева и Иван Спасев, членови на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, учествуваа на Отворениот форум Давос чија тема е “From Lab to Life: Science in Action”, а целта е да се разговара за науката и како таа влијае на секој аспект од нашите животи, технологијата и планетата. Домаќин на Отворениот форум Давос е Светскиот економски форум, а првиот панел се фокусираше на тоа што може да направи глобалната научна заедница за да промовира нови форми на соработка во науката, а со тоа да се забрза и напредокот.



Пред првиот панел се обрати директорот на Светскиот економски форум – Женева, а учество земаа повеќе истакнати научници од универзитетот Харвард, универзитети од Бразил, претседателката на организацијата на Швајцарските универзитети и Илијана Иванова еврокомесар за иновации, истражување, култура, образование и млади.



М-р Михаела Ѓорчева присуствуваше и на настанот „Жени во лидерство: иновации и бизнис“ организиран од индиската организација Women Inspiring Network која брои над 7000 жени и претставува прва дигитална мрежа од ваков вид која ги споделува инспиративните приказни на успешните жени.



Светскиот економски форум годинава брои повеќе од 2.800 учесници од 120 земји, а главната тема е „Обновување на довербата“.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!