Денес, на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе, се одржа првиот дел од обуките за европско финансирање преку европски програми.
Денешното предавање беше за Преглед на европските фондови и програми за поддршка на развојот на Република Северна Македонија.
Предавањето беше поделено на четири дела, на следниве теми:
- Преглед на главните европски програми и грантови
Предавач: Веселин Халачев – Претседател на ОБК, член на бордот на директори на Европската Алијанса на малиот бизнис (ESBA) – Брисел, со ресор „Европски програми и европски
фондови” - Horizon 2020 (буџет од 79 милијарди евра), COSME (буџет од 2,03 милијарди евра) –
програми управувани директно од Европската Комисија и Европската Унија, со апликација директно во Брисел. Насоки, мерки, отворени и очекувани повици за предлог проекти. Она што не чека во следниот програмски период 2021 – 2027.
Предавач: Кремена Димитрова – член на бордот на директори на ОБК и директор на Дирекцијата за европски фондови на ОБК - Програми управувани на ниво на група од држави. INTERREG. Средства за прекугранична, транснационална и меѓурегионална соработка.
Предавач: Веселин Халачев. - Програми водени од државни институции и тела на национално ниво (Република Северна Македонија). Инструментите за предпристапна поддршка IPA II и IPARD II, донатори
за различни активности во областа на државната и општинската инфраструктура, заштита на животната средина, образованието, економијата, земјоделието итн.
Предавач: Кремена Димитрова




Повеќе информации во врска со обуките и пријавувањето на следниов линк
Овие обуки се корисни за претставници на државната и општинската администрација, бизнисот, невладини организации, културни и спортски организации, училишта, универзитети и
други профили.



