Нови можности за практична настава на програмата за Безбедност од пожар, МСУ склучи три договори за соработка

Со цел да обезбеди поквалитетна практична настава за студентите на програмата за Безбедност од пожар, Меѓународен Славјански Универзитет склучи стратешки партнерства со неколку клучни организации од областа на противпожарната заштита. Овие соработки отвораат нови можности за учење преку реални сценарија, пристап до опрема и директен контакт со професионалци од терен.

На 4 септември 2025 година, во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Битола беа потпишани договори за соработка со организации од областа на противпожарната заштита, со што истовремено се овозможуваат и повластени услови за студирање за професионални пожарникари и членови на противпожарни друштва.

Договорите беа склучени со Здружението на професионални пожарникари на Македонија, Доброволното противпожарно друштво „Архангел“ од Битола и Центарот за едукација и обука „Пегаз ЕДУ“ од Битола. Од страна на Меѓународен Славјански Универзитет, договорите ги потпиша претседателот на Управен одбор, проф. д-р Јордан Ѓорчев, а на потпишувањето беше присутна и деканката на Факултетот за технички науки и информатика, проф. д-р Цветанка Митревска.



Во рамки на договорите МСУ обезбедува поволности за студирање за членовите на соработничките организации, како и можности за заедничко користење на опрема и ресурси со цел подобрување на квалитетот на едукацијата и обуката. Посебен акцент се става на практичната подготовка на студентите, но и на превенцијата од пожари како клучна компонента во системот на заштита.

„Основна цел е да постигнеме професионална обука на нашите студенти и на граѓаните и да бидат што подобро оспособени за интервенции при гаснење на пожари.“, изјави проф. д-р Ѓорчев по потпишувањето на договорите.

Меѓународен Славјански Универзитет продолжува активно да гради партнерства со професионални здруженија и институции, со цел унапредување на високото образование и негово директно поврзување со потребите на заедницата.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!