Обединети нации: Михаела Ѓорчева и Иван Спасев на настан на високо ниво за Повелбата на ОН на 80 години

На 16 јануари 2026 година, Михаела Ѓорчева, заменик претседател на Управен одбор при Меѓународен Славјански Универзитет, Иван Спасев, член на Управен одбор, беа дел од високата дискусија „Повелбата на ОН на 80 години: превенција и решавање конфликти“, организирана од Global Peace Chain.

Настанот се одржа во седиштето на Обединетите нации во Њујорк и обедини претставници на повеќе од 15 постојани мисии при ОН -Азербејџан, Австрија, Камбоџа, Кина, Куба, Египет, Финска, Индонезија, Пакистан, Катар, Русија, Словенија, Источен Тимор, Турција и Венецуела.

На настанот се обратија високи претставници на Обединетите нации – Марта Ама Акиа Побе, помошник генерален секретар за Африка и Фелипе Полие, помошник генерален секретар за млади. Обраќања имаа и Елис Москини, постојан набљудувач во Меѓународен комитет на Црвениот крст и Џона Херис, политички аналитичар, (програма за мир, клима и одржлив развој) од Меѓународен институт за мир.



Фокусот беше ставен на улогата на Повелбата на ОН во современиот свет, со акцент на превенцијата на конфликти, потребата од засилена мултилатерална соработка и важноста на дипломатскиот дијалог во ера на глобални предизвици.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!