Обуки

Стручни обуки и настани од областа на безбедноста и здравјето при работа

Институтот за инженерска економија континуирано организира стручни обуки, предавања и настани посветени на актуелни теми од областа на безбедноста и здравјето при работа (БЗР).

Во периодот од 2020 до 2026 година се реализирани повеќе настани со учество на универзитетски професори, истражувачи и стручни лица од практиката. Преку нив се обработуваа теми поврзани со проценката на ризик, безбедното користење на работната опрема, управувањето со стресот, благосостојбата на вработените и примената на законските прописи од областа на БЗР.

Реализирани стручни настани

18 март 2026 година – Свети Николе
„Менаџирање на стресот во работното опкружување – трошоци и придобивки од имплементирањето на системите за управување со БЗР“
Предавачи: проф. д-р Слаѓана Анѓелкоска и д-р Мартин Ѓорѓиев
Организатори: Институт за инженерска економија и Македонско здружение за заштита при работа

4 декември 2025 година – Свети Николе
„Благосостојбата на вработените како стратешка предност – инспирација за здраво, мотивирано и продуктивно работно опкружување“
Предавачи: Ирена Тасева и Цветанка Захова
Организатори: Македонско здружение за заштита при работа и Институт за инженерска економија

6 март 2024 година – Свети Николе
„Учество на стручните лица вработени во компаниите при изработка на проценка на ризик на работното место“
Предавачи: д-р Ана Чучкова и д-р Цветанка Митреска
Организатор: Институт за инженерска економија

26 октомври 2023 година – Свети Николе
„Технички преглед и периодично испитување на опремата во градежната и рударската индустрија“
Предавач: м-р Игор Максимов
Организатор: Институт за инженерска економија

14 март 2023 година – Свети Николе
„Мрежно планирање и повреди при работа“
Предавач: д-р Самоил Малчевски
Организатор: Институт за инженерска економија

14 октомври 2022 година – Битола
„Организација на мобилни градилишта“
Предавачи: Предраг Зариќ и Тони Наумовски
Организатор: Институт за инженерска економија

18 март 2022 година – Свети Николе
„Греани садови под притисок и законска рамка на безбедноста и здравјето при работа“
Предавачи: проф. д-р Лидија Јолеска и проф. д-р Марија Гроздановска
Организатор: Институт за инженерска економија

17 декември 2021 година – Свети Николе
„Алатки за промоција на безбедноста при работа и ризик-фактори при канцелариско работење“
Предавачи: проф. д-р Јулија Силјаноска и проф. д-р Синиша Цветковиќ
Организатор: Институт за инженерска економија

10 септември 2021 година – Свети Николе
„Заштита при работа со опасни супстанции“
Предавачи: доц. д-р Невена Гуевска и проф. д-р Шеќеринка Ивановска
Организатор: Институт за инженерска економија

30 септември 2020 година – Свети Николе
„Цевоводи и греани садови под притисок“
Предавачи: д-р Лидија Јолеска Буреска и д-р Вангелица Гаврилова
Организатор: Институт за инженерска економија

19 февруари 2020 година – Свети Николе
„Вибрациите како штетност во работната средина“
Предавачи: д-р Слободан Бундалевски и м-р Тањица Трајчева
Организатор: Институт за инженерска економија

Со реализацијата на овие активности, Институтот за инженерска економија придонесува кон континуирано стручно усовршување, размена на знаења и искуства и унапредување на културата на безбедност и здравје при работа. Институтот и во иднина ќе продолжи да организира настани што ги поврзуваат научните сознанија со практичните потреби на компаниите, институциите и стручните лица.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!