Од 2-ри до 4-ти октомври ќе се одржи петтиот меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“

Во организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Скопје и Филозофското друштво на Македонија од 2-ри до 4-ти октомври 2019 година ќе се одржи Петтиот меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“.

Годинешна тема на собирот е „Кризата на идејата за Европа“. На овој настан учество ќе земат истакнати академици, професори и филозофски истражувачи од Полска, Грција, Хрватска, Романија, Србија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија. Дијалогот се одржува во три македонски градови: Скопје, Битола и Охрид.

Отворањето ќе биде во МАНУ на 2-ри октомври (среда), со почеток во 11 часот. На 3-ти октомври (четврток) дијалогот продолжува во Битола, во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин”, со почеток во 10 часот. Собирот завршува со последната сесија на 4-ти октомври (петок) во Охрид, во Куќата на Уранија (МАНУ), со почеток во 10 часот.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!