Претседателот на Сенатот на МСУ на конференција во Белград на тема „Европската безбедност на крстосницата на мултилатерализмот и унилатерализмот“

Во Белград, Србија се одржа конференција на тема „Европската безбедност на крстосницата на мултилатерализмот и унилатерализмот“. Во фокусот на петтата конференција на Белградскиот стратешки дијалог беа прашањата за безбедносната архитехтура во Европа и прашањата како да се заживее духот на Хелсиншкиот завршен акт во 21-виот век, што воедно е и една од главните теми на настанот.

На конференцијата учествуваше и Претседателот на Сенатот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, проф. д-р Васко Стамевски, кој зборуваше на темата во третиот панел – „Како да се заживее духот на завршниот акт од Хелсинки во 21-от век?“

Претставници на јавното мислење имаа прилика да ги набљудуваат модерираните панели за воено-политичките аспекти на европската безбедност, како и можност да ја видат улогата на јавната дипломатија во постигнување на траен мир.


Претседател на Сенатот на МСУ – проф. д-р Васко Стамевски

Панел 1: Воено-политички аспекти на европската безбедност


А.А. Климов, Генерален советник за меѓународни теми, Претседател на Комисијата за меѓународни активности, Претседател на генералниот совет на партијата „Обединета Русија“ (Русија).

Армин-Паул Хампел, пратеник во Бундестаг (Германија).

Драгутин Матановиќ, советник на претседателот на Република Србија (Србија).

Неофитоу Авероф, Претседател на партијата „Демократско собрание – ДИСИ“ (Кипар).


Панел 2: Јавна дипломатија за траен мир

Валтер Швимер, Поранешен генерален секретар на Советот на Европа (Австрија).

В.А.Фоменко, Извршен секретар на Европскиот клуб на руски парламент, претставник на одделот за меѓународни односи  на партијата „Единствена Русија“ (Русија).

Мелкумиан Микаиел, Заменик претседател на Националното собрание (Ерменија).

Марија Обрадовиќ, Пратеник во народното собрание, Претседател на собранискиот одбор за одбрана и внатрешни работи (Србија).


Панел 3: Како да се заживее духот на завршниот акт од Хелсинки во 21-виот век ?


А.А. Громико, Претседател на Стручна група за меѓународни активности на претседателството во Генереалниот совет на партијата „Обединета Русија“ (Русија).

Проф. д-р Васко Стамевски, Претседател на универзитетскиот сенат при Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Свети Николе – Битола (Република Северна Македонија).

Јованка Јакубек – Лалик, Доцент на Факултетот за право и администрација на Универзитет во Варшава (Полска).





ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!