Се одржа првиот локален форум на женско претприемништво во Велес

Денес, 8 јуни 2022 година, м-р Михаела Ѓорчева, бренд менаџер на Меѓународниот Славјански Универзитет, зема учество на панел дискусијата на првиот локален форум на женско претприемништво во Велес. М-р Михаела Ѓорчева е на листата Forbes 30 Under 30 – Europe во која Форбс истакнува по 30 најдобри претприемачи, активисти, научници до 30 години во 10 категории.

Овој локален форум е прв од ваков карактер во Велес, а воедно и во нашиот регион, но е втор од серијата локални форуми за женско претприемништво кои се реализират во повеќе градови и региони низ Република Северна Македонија. Панел дискусијата беше на тема: „Образовна доквалификација на жените претприемачки како клучен елемент во развојот на женското претприемништво”, а покрај м-р Михаела Ѓорчева панелисти беа:

  • д-р Христина Игнатовска – Димитрова, Директорка на Работничкиот Универзитет „Благој Страчковски“ – Велес
  • Александра Андреева – сопственик и управител на Друштво за економско – правни услуги АНДРЕЕВА КОНСАЛТИНГ, Управен одбор на Комора на сметководители на Македонија
  • Весна Ѓорѓиева – Претседател на Комисија за еднакви можности од Општина Кавадарци
  • Eлица Јаневска – Виш соработник за активни мерки за вработување, Агенција за вработување – ПЕ Велес


На настанот поздравни говори имаа господин Марко Колев, градоначалник на Општина Велес, госпоѓа Валентина Дисоска, претседателка на Националната платформа за женско претприемништво и претседателка на Здружение на бизнис жени, и г-ѓа Емилија Андонова, програмски координатор во Фондација за Менаџмент и индустриско истражување (МИР).

Модератор на настанот беше Снежана Димитриевски, локален координатор на Националната платформа за женско претприемништво во Вардарскиот плански регион.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!