Стручно предавање на МСУ во Битола за штетното дејство на алкохолот

Денес во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“​ – одделение Битола, по претходна покана на студентите од Факултетот за психологија, кои извршуваат практична настава, беа во посета членови-апстиненти од Клубот на алкохоличари во Прилеп, психолог-специјалист Јован Велески и психијатар д-р Снежана Ѓорѓиеска.

На овoј настан членовите на клубот споделија информации за своите денови со алкохолот и нивната апстиненција, низ интересна интеракција со студентите од Факултетот за Психологија како и останатите студенти. Бидејќи алкохолот во денешно време е присутен секаде, гостите упатија порака до сите млади луѓе, пренесувајќи им го нивното немило искуство и искуството со самото лекување, по кое повторно се вратени да живеат нормален живот.

Свое излагање имаа и студентите од факултетот за психологија, кои воедно беа и дел од организацијата на овој настан, Натали Здравеска и Здравко Ставров.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!