Студенти од МСУ на семинар „Парламентот како основна институција на парламентарното право“

Студенти од Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет учествуваа на еднодневниот едукативен семинар на тема „Парламентот како основна институција на парламентарното право“. Семинарот беше организиран од Парламентарниот институт и беше посветен на продлабочување на знаењата за функционирањето на парламентот и обезбедување платформа за меѓуинституционална академска соработка.

Од Меѓународен Славјански Универзитет присуствуваа проф. д- р Јагода Митревска, д-р Мартин Ѓорѓиев и м-р Филип Тасковски.



Освен студенти од МСУ, на семинарот учествуваа и студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ. Програмата вклучуваше детални предавања за составот, структурата и функционирањето на парламентот, правната положба и одговорностите на пратениците, надлежностите на Собранието, историјата и развојот на македонскиот парламентаризам.

На семинарот присуствуваа пратениците Јована Мојсоска и Игор Здравковски кои преку интерактивни сесии со студентите им овозможија директен увид во предизвиците на пратеничката функција и работата на Собранието.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!