Третиот дел од вечерните дискусии на теми од психологијата со доц. д-р Ана Чучкова со најголема посетеност досега

Третиот дел од вечерните дискусии на теми од психологијата со доц. д-р Ана Чучкова се одржа на 14-ти јануари од 21:00 часот и разбуди најголем интерес кај учесниците. На третата дискусија на тема „Мотивација“ имаше речиси 200 учесници преку платформата Zoom.

Вечерните дискусии се одлична прилика за студентите, професорите и сите други вљубеници во психологијата да се дружат во опуштена атмосфера, дискутирајќи за теми кои ги сакаат и кои се дел од нивното секојдневие. Третиот дел од вечерните дискусии траеше речиси 2 часа.

Четвртиот дел од дискусиите ќе се одржи на 28-ми јануари. Регистрирањето е преку следниов линк.



По големиот интерес за „Деновите на психологијата на МСУ“, воведовме циклус на отворени предавања на МСУ. Започнавме со вечерни дискусии на теми од психологијата со доц. д-р Ана Чучкова. Првата дискусија беше бесплатна и се одржа на 3-ти декември 2020 на тема „Стоицизам – како начин на живеење во модерно време“ со околу 140 учесници.

Втората дискусија исто така беше бесплатна и се одржа на 17-ди декември 2020 на тема „Цртите на личноста и асертивноста“. Дискусијата се одвиваше онлајн преку платформата Zoom и траеше околу 2 часа, а имаше над 140 учесници.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!