Врачени сертификатите од обуката за CNC програмери и оператори

Денес беа врачени сертификатите на лицата кои ја посетуваа обуката за CNC програмери и оператори организирана од Институтот за инженерска економија при Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и CNC академијата од Босна и Херцеговина.

На лицата кои ја посетуваа обуката им беа врачени и подароци – дрвени играчки изработени на CNC машина. Сертификатите и подароците ги врачија проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен одбор на МСУ и Лејла Салкиќ, предавач на обуката.



Обуката траеше еден месец, а веќе од 14 март 2022 започнуваме со нова обука. Првиот дел од обуката се одржува онлајн (користење на софтвер), а практичниот дел се состои од пуштање на машина и изработка на модел. Секој кандидат изработува посебен 3D модел. По успешно завршената обука, учесниците добиваат сертификат на македонски и германски јазик.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!