Започна меѓународната летна школа во Охрид

Во Охрид на 6-ти јули започна меѓународната летна школа „Од заедничкото на културите кон взаемно економско влијание и соработка“.

Летната школа е во заедничка организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ од Русија.

Програмата на отворената летна школа нуди уникатен избор на предавања, специјално подготвени и насочени кон развој на стручните комуникативни искуства на идните економисти и раководители, а исто така и на идните менаџери и специјалисти од областа на IT.

На оваа летна школа учествуваат студенти од Македонија и Русија сакаат да ги изучуваат рускиот јазик и економијата.

Програмата на Летната школа вклучува различни форми на учество: интерактивни групни сесии, презентации и дискусии во форма на тркалезни маси, работилници, игри за подобрување на комуникациските вештини, консултации со експерти од областа на јазикот, образованието и економијата.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!