Започнаа „Деновите на руската наука“ во МАНУ

На 18 октомври, во просториите на Македонската академија на науките и уметностите се одржа свеченото отворање на Деновите на руската наука во организација на МАНУ, Амбасадата на Руската Федерација и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид. Од 18 до 21 октомври во рамки на настанот ќе се одржат четири предавања од различни научни области – вештачка интелигенција, биохемија и молекуларна биологија, земјоделски и ветеринарни науки.

На свеченото отворање во Македонската академија на науките и уметностите свои обраќања имаа:

  • академик Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науките и уметностите
  • Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија
  • академик Виктор Антонович Садовничиј, Претседател на Рускиот Сојуз на ректори, ректор на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“
  • проф. д-р Сергеј Владимирович Позјабин, ректор на Московската државна академија за ветеринарна медицина и биотехнологија „К.И. Скрјабин“
  • проф. д-р Евгениј Владимирович Рудој, ректор на Новосибирскиот државен аграрен универзитет
  • проф. д-р Велимир Стојковски, почесен конзул на Руската Федерација во Охрид

На отварањето присуствуваше (онлајн) и проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет „Г.Р. Державин“.



На 19 октомври (вторник) свое обраќање имаше:

– академик Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науките и уметностите, на тема „Вештачка интелегенција – придобивки и недостатоци“

На 20 октомври (среда) свое обраќање имаше:

– проф. д-р Велимир Стојковски, почесен конзул на Руската Федерација во Охрид, на тема „Достигнувања во биохемијата и молекуларната биологија“

На 21 октомври (четврток) свои обраќања ќе имаат:

– проф. д-р Евгениј Варисович Камалдинов, проректор за научна и меѓународна дејност на Новосибирскиот аграрен универзитет, на тема „Достигнувања во земјоделските науки“

– проф. д-р Лариса Александровна Гнездилова, проректор за наука и иновации на Московската државна академија за ветеринарна медицина и биотехнологија „К.И. Скрјабин“.


ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!