Меѓународен Славјански Универзитет дел од панел дискусијата „Младост, ум и депресија“

Денес во свечената сала „Архиепископ Доситеј“ при Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје се одржа значајната панел дискусија „Младост, ум и депресија“. Настанот беше организиран од Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, во соработка со Православниот богословски факултет, Факултетот за исламски науки и Меѓународен Славјански Универзитет.

Панел дискусијата ја отвори директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска, која ја истакна важноста на темата во контекст на современите предизвици со менталното здравје. Голем број студенти, универзитетски професори, научници и претставници на верските заедници и религиозните групи присуствуваа на настанот, споделувајќи идеи и искуства за оваа актуелна тема.



Меѓународен Славјански Универзитет беше горд што имаше свои претставници на овој значаен настан. Доц. д-р Мартин Ѓоргиев присуствуваше како претставник на нашиот универзитет, а проф. д-р Ана Чучкова беше дел од панелистите. Заедно со неа, панелисти беа и проф. д-р Анета Јовковска од Православниот богословски факултет и м-р Арбер Кадриу, консултант по клиничка психологија.

Дискусијата, модерирана од Димитар Петрески – претседател на студентскиот сојуз при Православниот богословски факултет, ја разгледа проблематиката на депресијата од повеќе перспективи: психологија, христијанска педагогија, гешталт терапија и теологија. Присутните имаа можност да слушнат различни научни пристапи кон детектирање, превенција и третман на депресијата, која бележи загрижувачки пораст, особено меѓу младите.

Меѓународен Славјански Универзитет продолжува да ја поддржува дискусијата за менталното здравје, нудејќи академски придонес и создавајќи простор за размена на знаење и искуства кои можат да донесат позитивни промени во општеството.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!