Претседателката на Здружението на студенти на МСУ, Софија Радончиќ, на студентската конференција во Охрид

Претседателката на Здружението на студенти на Меѓународен Славјански Универзитет, Софија Радончиќ, учествуваше на студентската конференција на тема „Еразмус+ можности на студентите во време на развој на вештачката интелигенција, патот до идните работни места на младите“, која се одржа од 19 до 21 февруари 2025 година во Охрид.

Настанот беше организиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во партнерство со Westminster Foundation for Democracy. Конференцијата обедини студенти од целата држава кои дискутираа за клучни прашања поврзани со улогата на младите во општеството, развојот на вештачката интелигенција и предностите на Еразмус+ програмата.



Софија Радончиќ активно учествуваше во дискусиите посветени на идентификување на предизвиците и можностите што ги нуди Еразмус+ програмата, со фокус на создавање позитивни иницијативи и предлози за законски измени кои ќе овозможат поголема мобилност и вклученост на младите.

Меѓународен Славјански Универзитет продолжува да ги поддржува своите студенти во развојот на лидерски вештини и нивното учество во значајни национални и меѓународни настани кои придонесуваат за подобра иднина на младите генерации.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!