МСУ на Еразмус+ семинар во Охрид организиран од Националната агенција

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржа тренинг/семинар за Еразмус+ на кој приствуваше Викторија Велкова вработена од Канцеларијата за меѓународни односи на Меѓународен Славјански Универзитет.

Тренингот/семинарот се одржа од 13 до 15 ноември 2023 година во хотел Инекс Олгица во Охрид и на него присуствуваа Еразмус+ координатори од повеќето високообразовни институции во земјава.









Конференцијата има за цел нотирање и сеопфатно запознавање со важноста од имплементација на приоритетите на Еразмус+ програмата во делот на високото образование со посебен акцент на инклузијата и дигитализацијата, преку градење на капацитетите на високо образовните институции, со дополнително запознавање и на можностите од европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс.

На настанот акцентот беше на важноста од квалитетна имплементација на повелбата за високо образование (ECHE) и акционо дејствување во насока на искористување на можностите од интерес за студентите и професорите.

Тренингот овозможи споделување на добри практики помеѓу универзитетите, но и можности за зајакната соработка со студентските организации. Фокусот на настанот беше во насока на зајакнато и интензивно вмрежување меѓу учесниците со цел нивна квалитетна понатамошна соработка.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!