На МСУ во Битола се одржа настан организиран од Националната Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство

На Меѓународен Славјански Универзитет во Битола се одржа настанот „Важноста од унапредување на родовата еднаквост во спречувањето на насилството врз жените и девојчињата“. Настанот се одржа на 20 ноември (понеделник) со почеток од 10.30 часот, во организација на Националната Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство.

Настанот се состоеше од две панел-дискусии на кои беа опфатени повеќе прашања поврзани со родовата еднаквост и насилството врз жените. На првата панел дискусија беше промовиран тематскиот извештај „Тивкиот терор што не познава граници – Препознавање на демнењето како посебен вид насилство врз жени и девојчиња во РСМ”, подготвен од доц. д-р Милена Спасовска. Демнењето е ново кривично дело во македонското законодавство и сè уште постојат предизвици за негово препознавање, пријавување, заштита на жртвите и соодветно казнување на сторителите.

Вториот панел беше посветен на различни аспекти на родовата еднаквост, нивното влијание во превенцијата и спречувањето на насилството врз жените и девојчињата и идните чекори кои треба да се преземат за подобрување на националните и локалните политики, кои се во насока на унапредување на родовата еднаквост во сите области.







 

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!