МСУ на виртуелен самит во Шри Ланка „Вмрежување и соработка помеѓу Азија и Европа“

На 26 и 27 април 2023 година Меѓународен Славјански Универзитет учествуваше на виртуелен самит за високо образование во Шри Ланка чија главна тема беше „Вмрежување и соработка помеѓу Азија и Европа“. На настанот присуствуваа повеќе од 200 учесници од високообразовни институции, агенции за посредување за странски студенти, потенцијални студенти и компании од повеќе држави од Азија.

На самитот свое обраќање имаше м-р Михаела Ѓорчева, член на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, а Викторија Велкова и Софија Радончиќ од Канцеларијата за меѓународни односи при МСУ имаа дискусија со студентите и одговараа на прашања поврзани со студиските програми на нашите пет факултети. На самитот учествуваа и други високообразовни установи од Република Северна Македонија.



Учеството на виртуелниот самит беше организирано во координација со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност која поттикнува учество на настани кои се од голема важност за јакнење на капацитетите во високото образование и јакнење на меѓународната димензија. Од Националната агенција свое обраќање имаше м-р Александар Богојевски, раководител на одделение за мобилност во областа на високото образование, образование на возрасни и млади.



Настанот беше можност да се остварат контакти со потенцијални студенти и професионалци од Шри Ланка кои се заинтересирани за студирање во Европа, да се промовираат нашите студиски програми во Шри Ланка, како и да ги разгледаме можностите за партнерство со универзитети од Шри Ланка.


 

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!