Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет објавува повик за Шестите Ораторски денови на МСУ кои ќе се одржат на 17 мај 2023 во 12:00 часот, на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе.
Право на учество имаат сите студенти кои студираат на факултетите во состав на МСУ. Изборот на темата на текстот на говорот е по слободен избор на студентот, но истата треба да биде одобрена од комисијата.
Ораторските денови се платформа преку која студентите можат да ги покажат своите вештини за јавно говорење. Комуникацијата е важна вештина во речиси секоја професија, а натпреварите за јавно говорење им помагаат на учесниците да ги подобрат своите комуникациски вештини и да станат посигурни говорници.

Комисија:
Членови на комисијата се:
- проф. д-р Иван Ефремовски, декан на Факултетот за правни науки при МСУ
- проф. д-р Анита Ристеска, декан на Факултетот за психологија при МСУ
- проф. д-р Габриела Крстевска, декан на Факултетот за економија и организација на претприемништво при МСУ
- проф. д-р Цветанка Митревска, декан на Факултетот за безбедносно инженерство при МСУ
- проф. д-р Сашо Манасов, декан на Факултетот за информатика при МСУ
- проф. д-р Марија Гроздановска, продекан за настава на Факултетот за правни науки при МСУ
Награди:
Прво место: Златна плакета + комплет книги
Второ место: Сребрена плакета + комплет книги
Трето место: Бронзена плакета + комплет книги
Пријавување:
Сите заинтересирани студенти при факултетите на МСУ можат да се пријават најдоцна до 17.03.2023 со пополнување на следнава апликација:
[quform id=”87″ name=”ОРАТОРСКИ ДЕН 2023″]
Имате прашања?
Кандидатите кои имаат желба да учествуваат на ораторските денови може да се консултураат со координаторите на следнава електронска адреса: oratorskidenovi@msu.edu.mk (асс. м-р Ерика Пешкоска).



