Претставници на Меѓународен Славјански Универзитет учествуваа на меѓународна работилница за сајбер безбедност во Германија

Во периодот од 16 до 17 октомври 2025 година, Михаела Ѓорчева и Иван Спасев, претставници на Меѓународен Славјански Универзитет, учествуваа на меѓународната работилница за академска сајбер безбедносна пракса, организирана од Универзитетот во Пасау, Германија.

Работилницата беше посветена на размена на искуства, стратегии и добри практики поврзани со заштитата на информациски системи во високообразовните институции. Настанот обедини претставници од универзитети и организации од Германија, Чешка, Полска и Северна Македонија. Покрај Меѓународен Славјански Универзитет, од Северна Македонија учествуваа и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и Меѓународниот Балкански Универзитет.



Претставниците на МСУ активно се вклучија во дискусиите за предизвиците на современото управување со ИТ-безбедноста, презентираа примери од домашната практика и разменуваа искуства со колеги од водечки европски институции. Специјален фокус беше ставен на развивање на заеднички решенија за зголемување на безбедноста на дигиталната академска инфраструктура.

Учеството на вакви настани е дел од континуираните активности на Меѓународен Славјански Универзитет за унапредување на квалитетот и безбедноста на високото образование, како и за јакнење на меѓународната соработка во стратешки важни области.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!