Студенти од Факултетот за правни науки во едукативна посета на Основен суд Свети Николе

По повод Европскиот ден на правдата студенти од Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет учествуваа во едукативна посета на Основниот суд во Свети Николе.

Европскиот ден на правдата, 25. октомври, се одбележува секоја година со цел да ја доближи правдата до граѓаните и да ја подигне јавната свест за нејзината улога во општеството. Студентите имаа можност одблиску да се запознаат со работата на судот и со основните аспекти на правосудниот систем – од семејното и наследното право, до казненото и договорното право, како и теми поврзани со пристап до правда, медијација и извршување на судски одлуки.



Посетата беше организирана и координирана од страна на проф. д-р Елизабета Спироска и асистент д-р Елена Стојанова Златева, кои активно ги вклучија студентите во процесот на учење преку директно набљудување и дискусија.

Практичната настава претставува значајно искуство за студентите и нивната професионална подготовка, нудејќи им увид во реалното функционирање на правосудниот систем и можност да ги поврзат теоретските знаења со практичните аспекти на правото.

Меѓународен Славјански Универзитет изразува благодарност до Основниот суд Свети Николе за отвореноста и соработката во овој значаен едукативен процес.

ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!