Успешно заврши имплементацијата на Жан Моне проектот на Меѓународен Славјански Универзитет

Во периодот од 2022 до 2025 година, на Меѓународен Славјански Универзитет успешно се реализираше Жан Моне проект, поддржан во рамките на програмата Еразмус+ на Европската Унија.

Носител на проектните активности беше Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет, во соработка со Институтот за култура и уметност и Институтот за инженерска економија, кои заеднички придонесоа кон успешната реализација на планираните активности и постигнувањето на проектните цели.

Во текот на тригодишната имплементација, проектот беше насочен кон промоција и унапредување на знаењата за европските вредности, човековите права, граѓанските и политичките права, како и механизмите за нивна заштита во рамките на европскиот правен систем. Посебен акцент беше ставен на улогата на Европскиот суд за човекови права, практичната примена на европското законодавство и развојот на критичкото размислување кај студентите и пошироката академска заедница.

Во рамките на проектот беа реализирани бројни активности, меѓу кои информативни сесии, предавања, тркалезни маси, дебати, интерактивни работилници и симулации на постапки пред Европскиот суд за човекови права. Овие активности овозможија активно учество на студентите, академскиот кадар и другите заинтересирани учесници, поттикнувајќи дијалог и практична примена на стекнатите знаења.

Проектот беше реализиран под раководство на проф. д-р Марија Гроздановска и проф. д-р Елизабета Спироска, со поддршка од програмата Еразмус+ на Европската Унија.



ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map-1.png
Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!
ИНСТИТУТ ЗАИНЖЕНЕРСКА ЕКОНОМИЈА
ЛОКАЦИЈААДРЕСА
https://iie.msu.edu.mk/wp-content/uploads/img-footer-map.png
БИДИ ВО ТЕКСОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Следете не на социјалните мрежи за да дознаете кога ќе биде наредниот настан!